еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Димитар Ковачевски: Што пишува во биографијата на новиот македонски премиер

Димитар Ковачевски е новиот премиер на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија доби нова Влада

Какво образование има

Ковачевски е роден 1974 година во Куманово.

Тој е доктор на економски науки, вонреден професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Тој е предавач на додипломските, последипломските и докторските студии и автор на голем број научни трудови од областа на економија и менаџмент објавени во меѓународни научни списанија и конференции, стои во неговата официјална биографија.

Средното образование го започнува во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, а го завршува во Вотервил Елизиан Мористаун гимназијата во Минесота, САД.

Во 1998 година дипломира на Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Економски факултет, а на истиот факултет магистрира во 2003 година.

Докторските студии по економија ги завршува на Економскиот факултет на Универзитетот Црна Гора во 2008 година каде се стекнува со титулата доктор на економски науки.

Стручно усовршување поминува на Школата за бизнис при Харвард универзитетот во 2011 година, Европскиот претприeмнички колоквиум на Техничкиот универзитет во Минхен каде станал ЕФЕР ЕЕЦ алумни во 2015 година, Ротердам школата за менаџмент при Еразмус универзитетот во Холандија во 2016 година и ЕАДА Бизнис школата во Барселона, Шпанија во 2017 година.

Зборува течно англиски јазик, се служи со германски јазик и користи низа интегрирани информациони системи, стои во неговата биографија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Димитар Ковачевски

Работна кариера

Работната кариера ја започнува во Македонски телеком АД Скопје како соработник за финансии и координатор за регулирање и хармонизација на контрола на финансии (1998-2005 година), а потоа напредува на низа менаџерски позиции, директор на управување со маркетинг и продажба (2005-2008), директор на маркетинг комуникации (2008 -2010), директор на комуникации (2010-2016) и директор на резиденцијална продажба (2016-2017).

Бил дел од меѓународниот бренд комитет и меѓународниот комитет за комуникации на Дојче Телеком (2008-2016).

Потоа станува извршен директор на оне.Вип Македонија, А1 Македонија, дел од Телеком Австрија Групацијата (2017-2018).

Дел е и од воспоставувањето високотехнолошка старт ап компанија за производство и развој на елементи за производство на електрична енергија од обновливи извори (2018-2020).

Во текот на професионалната кариера работи на низа корпоративни проекти за интеграција на деловни процеси заради зголемување на ефикасноста и профитабилноста на компаниите. Дел е од проектните тимови за имплементирање на SAP интегриран систем за управување со материјалното и финансиско работење и CRM интегриран систем за управување со клиенти, стои во неговата биографија.

Академската кариера ја започнува како насловен доцент на Њујорк универзитетот во Скопје (2009-2012 година), а ја продолжува како доцент на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот Американ колеџ Скопје (2012-2018).

Во 2018 година е избран за вонреден професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Дел е од низа меѓународни и домашни проекти меѓу кои се Проектот интернационализација преку онлајн микро мастерс и виртуелна мобилност спроведен од Витаутас Магнус универзитетот Литванија, ДОБА Бизнис Школо Словенија, Истанбул Универзитет Турција и ИКС Скопје  (2020), Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) и СБ, Подпроект: Капацитет и иновации на туристички услуги за одржлив локален економски раст во Северна Македонија спроведен од Фајнанс Тинк и Институт за економски истражувања и политики Скопје (2019), Проектот за зголемување на конкурентноста на мали и средни претпријатија во Република Северна Македонија, спроведен од Институт за економски истражувања и политики Скопје (2019) и Проектот е-ПРОФМАН, Програма за професионален развој за иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации спроведен од ДОБА Бизнис Школо Словенија, Истанбул Универзитет Турција и ИКС Скопје (2016-2017), стои во неговата биографија.

Во 2020 година беше дел од Економскиот Советот на Владата на Република Северна Македонија за справување со економски последици предизвикани од пандемијата од вирусот Ковид-19.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Службени возила во Министерството за екологија се употребувале спротивно на Правилникот, велат од Антикорупциска

Редакција

Мијалков се појави пред Обвинителството, тврди дека не избегал, туку бил во изолација

Редакција

Во Србија за еден ден предадени 1.400 парчиња оружје, 45.000 парчиња муниција и 1.000 парчиња минско-експлозивни направи

Редакција