еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Бугарија нема Македонци, вели бугарскиот премиер Петков

Според бугарскиот премиер Кирил Петков, кој утре доаѓа во посета на Македонија, во соседна Бугарија нема македонско малцинство.

“Никогаш јас или други членови на бугарската Влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н. македонско малцинство во земјата. Нема такво малцинство и за такво малцинство дури не може да се зборува.

Треба да го кажам јасно за сите гледачи, по таа тема има целосен консензус, за таа тема дури и не може да се водат дискусии. Нашата влада таа тема нема да ја постави за разговори или за што и да било“, изјави Петков за бугарската телевизија БТВ, одговарајќи на прашањето дали бугарската Влада разговарала со амбасадатата на САД за признавање на македонско малцинство на територијата на Бугарија.

Во интервјуто меѓудругото ја смени и неговата претходна изјава дека дава период од шест месеци за да се заврши работата меѓу Бугарија и Македонија, потенцирајќи дека никогаш не навел точен рок за едно или друго решение.

„Ова треба да биде во функција само со резултат врз основа на овие работни групи. РСМ ќе влезе во ЕУ кога позицијата на Бугарија ќе биде усогласена. Сакаме Бугарите таму да бидат вклучени во нивниот Устав“, рече Петков, а во врска со компромисите на кои Бугарија е подготвена да ги направи рече дека може да биде иницијатор за пуштање на авио линијата Софија-Скопје како прв чекор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот премиер Петков за „Фајненшел тајмс“ најавува дека спорот со Македонија ќе го решел за 6 месеци

Фото: бугарска Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Манастирите ни беа празни, смислувавме начини како младите да ги привлечеме во верата, вели Епископ Партениј

Редакција

Фон дер Лајен сигурна дека ќе има мнозинство за уставните измени

Редакција

Советот за безбедност ќе биде свикан до крајот на месецот

Редакција