еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Никола Тупанчевски, новиот министер за правда

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на новите членови на Владата.

Кој е Никола Тупанчевски

Никола Тупанчевски е новиот министер за правда.

Тој е долгогодишен професор на Правниот факултет на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје.

Роден е на 19.12.1961 година.

Тој е доктор на правни науки и професор во областа на казненото право.

Работна кариера

Во 1988 година бил избран за помлад асистент на Правниот факултет, а во 2012 година бил избран за редовен професор.

Во 1995 магистрирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ со магистерскиот труд под наслов: „Противправно заземање земјиште во државна сопственост“.

Докторирал на Државниот универзитет „Ломоносов“, Москва, Русија, во 2002 година со докторскиот труд под наслов: „Даночното затајување во споредбеното право и во правото на Република Македонија“.

Тупанчески ги предава предметите Казнено право, Меѓународно казнено право, Економско казнено право, Медицинско казнено право, Криминална политика, Компаративно казнено право и Малолетничко казнено право.

Во периодот од 2008 до 2013 година бил продекан за меѓународна соработка на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Предавал на втор циклус студии – магистерски студии по интелектуална сопственост (IPRs Enforcement) како соработка на Универзитетот од Стразбур и УКИМ од 2010 до 2011, а учествувал и во предавањата на постдипломските студии на Филозофскиот факултет во Скопје – Европски студии за интеграција, на Полициската академија и на магистерските студии по форензика на Природно-математичкиот факултет во Скопје, стои во неговата официјална биографија.

Тупанчески раководел со постдипломските студии од областа на казнено-правните науки, а бил и постојан претставник во Групата на држави за спречување на корупцијата (ГРЕКО), Совет на Европа.

Учествувал во повеќе експертски комисии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, како и во Министерството за правда на Република Македонија во врска со реформскиот процес на македонското казнено законодавство, а бил вклучен и во Советот за судски реформи во рамки на Владата на Република Македонија, пишува во неговата биографија.

Тупанчески е ментор на повеќе магистерски тези и докторски дисертации. Членството во Арбитражниот одбор на Меѓународниот арбитражен суд, во Уредничкиот совет во научното и практично списание „Општество и закон” и претседателствувањето со Македонското претставништво на Здружението на криминалисти и криминолози (Союз криминалистов и криминологов), се дел од неговата биографија.

Тој е и правен експерт и предавач во бројни домашни и странски институции и организации. Учесник на бројни меѓународни и домашни истражувачки проекти и автор е на значајни научни трудови и публикации, стои во неговата биографија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Димитар Ковачевски: Што пишува во биографијата на новиот македонски премиер

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лично искуство со „АстраЗенека“ и поминато патешествие за вакцина во Белград

Силвана Жежова

Газдите на конфекциите го потврдија нивниот робовладетелски однос кон текстилните работници, сметаат од Хелсиншки

Редакција

Холандија го поддржува португалскиот предлог за надминување на проблемот со Бугарија

Редакција