еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Холандија го поддржува португалскиот предлог за надминување на проблемот со Бугарија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамките на лидерскиот НАТО Самит на земјите членки на Алијансата во Брисел, оствари средба со неговата холандска колешка, Сигрид Кааг, што воедно претставува и нивна прва средба, откако неодамна Кааг ја презеде функцијата министерка за надворешни работи на Холандија.

Како што соопшти МНР, двајцата министри покрај безбедносните предизвици разговарале и за европското досие на Северна Македонија, особено можностите за заокружување на одлуката на Советот за почеток на преговорите за време на португалското претседателство.

Министерката Кааг во оваа прилика истакнала дека Холандија го поддржува португалскиот предлог за надминување на проблемот со Бугарија.

Во таа смисла Османи го поздравил холандскиот „строг и фер“ принцип, што значително помага во спроведување на реформската европска агенда и имплементирање на европските стандарди, во насока на европските амбиции на Северна Македонија.

Кааг ги поздравила остварените резултати, со цел зајакнување на демократијата и владеење на правото, при што ја истакнала неопходноста од континуирана и посветена имплементација на европските стандарди и реформските цели, давајќи поддршка на евроинтегративните перспективи на Северна Македонија со верба дека набргу и формално ќе почнат преговорите за пристапување во ЕУ.

Холандија се вбројува помеѓу најголемите билатерални донатори на земјава, што претставува исклучителен придонес за севкупниот напредок, како и за европската перспектива на земјава и во тој контекст, Османи се заблагодарил за принципиелната и недвосмислена поддршка од Холандија за европската интеграција на С Македонија, особено преку поддршка на судството, реформа на јавната администрација и приближувањето кон европското законодавство.

Двајцата министри размениле и мислења, предлози и сугестии за натамошно унапредување и продлабочување на билатералната соработка, ставајќи посебен акцент на интересот и потребата од засилување на економската соработка, преку идентификување на можниот интерес за инвеститорите и за интензивирање на трговската размена.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чаир и Аеродром со ист број на активни случаи на Ковид-19

Редакција

Вонредни мерки против загадувањето во Скопје и Тетово

Редакција

Топ десет најбогати во светот според Блумберг, прв е Илон Маск

Редакција