еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Топ десет најбогати во светот според Блумберг, прв е Илон Маск

Директорот на Тесла и сопственик на Х (Твитер), Илон Макс се уште е најбогат човек на светот.

Вредноста на неговиот имот се проценува на 232 милијарди долари, според листата на најбогати што ја објави Блумберг.

Според листата на милијардери на Блумберг, (Bloomberg Billionaires Index), богатството на Маск се зголемило за 95 милијарди долари за една година, пишува New Economy.

На второ место е извршниот директор на LVMH, Бернард Арно, со богатство од 165 милијарди долари.

Џеф Безос (Амазон) е на третата позиција со околу 153 милијарди долари, а по него е основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс со околу 123 милијарди долари и извршниот директор на Оракл, Лери Елисон со околу 122 милијарди долари, објавено е на веб-страницата на Блумберг.

На шестото место е ко-основачот на Гугл, Лери Пејџ со околу 120 милијарди долари, а само чекор зад него е инвеститорот Ворен Бафет со богатство од 116 милијарди долари.

Другиот ко-основач на Гугл, Сергеј Брин е на осмото место со 114 милијарди долари, а поранешниот извршен директор на Мајкрософт, Стив Балмер е на деветтото место со 112 милијарди долари.

На крајот на листата на 10 најбогати е сопственикот на компанијата Мета, Марк Закерберг со имот од околу 111 милијарди долари.

МИА/Фото: Bloomberg Billionaires Index/Маск/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои компании го добија признанието „Македонски квалитет 2022“

Редакција

Дури 42% од македонските граѓани би се иселиле од државата, покажува анкетата на Галуп

Редакција

Орка Холдинг достави понуда за преземање на Жито Полог

Редакција