еМагазин
Image default
Бизнис

Во април Македонија ја посетиле над 9.000 странски туристи, најмногу од Србија и Турција

Над 9.000 странски туристи ја посетиле земјава во април годинава, а од почетокот на годинава 42.586.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека од странските туристи во април, чиј број е 9.103, најголем дел биле од Турција и Србија, а најпосетена дестинација била Скопје.

Вкупниот број на туристи и домашни и странски во април изнесувал 19.064, од кои 52,3 отсто се домашни туристи, а 47,7 отсто се странски туристи, а за перодот јануари-април годинава, 97.735 и бележи намалување од 19,4 отсто во однос на тој период лани.

Кај домашните туристи има зголемување за 23,3 отсто, а кај странските има намалување за 44,3 отсто.

Бројот на ноќевањата во април 2021 година изнесува 42.117, од кои 51,9 отсто се од домашните туристи, а 48,1 отсто од странските туристи.

Во периодот јануари-април 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 12,8 отсто, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 12,4 отсто, а кај странските има намалување за 32 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ана Јорданова поднесе оставка од Одборот на директори на РЖ Интер-трансшпед

Редакција

(Фото) Јапонскиот амбасадор во работна посета на „Алкалоид“

Редакција

Логистичка подршка за решавање на енергетската криза: Железница ги подготвува капацитетите за транспорт на јаглен и мазут

Редакција