еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Беким Сали, наследникот на Венко Филпче

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на членовите на новата Влада.

Кој е Беким Сали

Кадарот на Алтернатива, Беким Сали е новиот министер за здравство.

Сали завршил средно медицинско училиште во Скопје, а дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Скопје.

Тој е доктор по стоматологија и управител на приватна стоматолошка ординација.

Во неговата биографија се наведува и дека е ангажиран во невладиниот сектор за здравство и во Министерството за здравство.

Во моментов е на постидипломски студии за јавно здравје.

Член е на Стоматолошката комора, на Здружението на албански стоматолози и на Здружението на албански имплантолози.

Во неговата биографија стои и дека учествувал на научни активности од областа на стоматологијата, на меѓународна конференција за здравствен туризам, на повеќе семинари…

Покрај албански јазик, зборува и македонски, англиски и турски јазик.

Политичка кариера

Од 2009 до 2010 година ја извршувал функцијата шеф на Кабинетот на министерот за здравство и претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување.

На локалните избори во 2021 година, Сали беше кандидат за градоначаник на Општина Чаир од редовите на Алтернатива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Славјанка Петровска, новата министерка за одбрана

Кој е Никола Тупанчевски, новиот министер за правда

Кој е Димитар Ковачевски: Што пишува во биографијата на новиот македонски премиер

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи: Денешното усвојување на Резолуцијата на бугарскиот Парламент долгорочно ќе го блокира европскиот процес

Редакција

Буџетот за 2020 година 3,9 милијарди евра

Редакција

Совет на Амбасадори разочарани од блокадата на Бугарија: Институциите на ЕУ не треба да станат форум каде ќе се дебатира за историски прашања на народите

Редакција