еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Македонското знаме на „црната листа“ на „Австралија опен“?

Државното знаме на Македонија се најде во иста група со „забранетите” знамиња на „Австралија Опен”, меѓу кои се руското, белоруското, палестинското и израелското, објави СБС на македонски.

Фотографија од македонското државно знаме, можеше да се забележи, вчера, 14 јануари, на првиот ден од годинешниот гренд слем, на табакот хартија прикачен на камерата на снимателите на „Австралија Опен” во КИА арената, заедно со неколку други знамиња, за кои претходно беше објавено дека се забранети на турнирот.

Една недела претходно, извршниот директор на „Австралија Опен”, Крег Тајли, објави дека гледачите на овогодинешниот гренд слем во Мелбурн, ќе бидат „спречени да ги истакнуваат палестинските и израелските знамиња“, според правилата кои им дозволуваат „да носат знамиња само навивачите што ги претставуваат играчите кои се натпреваруваат на годинешниот турнир“.

Во 2022 „Австралија Опен” објави категорична забрана на руски и белоруски знамиња, поради руската инвазија на Украина.

Македонија годинава на гренд слемот ја претставуваше Лина Ѓорческа, која, во првото коло во квалификациите загуби со 2-1 во пресметката со Катаржина Кава од Полска и не обезбеди пласман.

Редакцијата на „СБС на македонски” ги исконтактирала „Австралија Опен” за коментар, но до објавувањето на текстот, не доби одговор зошто македонското државно знаме е издвоено на овој начин и како се најде на „црната листа”.

Фото: sbs.com/Australian Open

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ердоган: Испраќањето тенкови не придонесува за решавање на украинскиот конфликт

Редакција

Приведено лице од радовишко, осомничено за подметнување пожар

Редакција

(Фото) Ислам Абази излажа, објавени фотографии со него и функционери на ДУИ на приватни средби, лов…

Редакција