еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Нов бугарски клуб во Битола

Бугарското здружение „Балкански мост“, кое функционира од пред една година отвори канцеларија во Битола, а на отварањето дојде и бугарскиот амбасадор во Македонија, Желјаско Радуков.

Новото здружение го води битолчанецот Љупчо Јошевски.

Канцеларијата се наоѓа во близина на згаснатиот бугарски клуб „Ванчо  Михајлов“, кој сега се вика „Една роза“.

Меѓу присутните на отварањето беше и генералниот конзул во Битола, Николај Димитров, како и други дипломати вработени во бугарскиот конзулат во Битола.

Фото: Фејсбук/„Балкански мост“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Космос“ одложено: Адвокатот Тасевски казнет со 1.000 евра за недоаѓање на рочиште

Редакција

Стечај за гигантот од месната индустрија: Се продава вреден имот на „Мега“

Редакција

Во 4 министерства и 43 општини јавните набавки се спроведуваат со ниско ниво на заштита од корупцијата: Рангирање на ЦГК

Редакција