Убиениот 74-годишен Панче Жежовски од Велес, кој исчезна на 22. ноември откако бил убиен е закопан во јама длабока три метри, во близина на велешкото селото Рудник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ако мотивот бил пари, зошто Вања е убиена неколку часа по киднапирањето?
Кои се осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
Телевизијата Телма објави фотографии од местото кое е затскриено од грмушки и дрвја, на тешко пристапен терен.
Жежовски е убиен од истата група на осомничени кои ја убиле и 14-годишната Вања Ѓорчевска, која била грабната со неговиот автомобил, кој бил украден откако е убиен за долг од 500 евра, соопштија вчера од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Панче Жежовски убиен за долг од 500 евра, со неговиот автомобил киднапирана Вања
Неговото исчезнување било пријавено од неговата ќерка на 24. ноември, но не и исчезнувањето на неговиот автомобил Цитроен, кој неколку дена подоцна е најден запален во близина на селото Бразада, во Општината Чучер Сандево, каде е пронајдено и телото на Вања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Телма објави фотографии од местото каде била закопана Вања
(Фото) Распишана меѓународна потерница за Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања и Панче
Тројца од петмината осомничени за убиството на Вања и Панче го признале делото
Фото: Петар Догов/Телма/Жежовски/Фејсбук