еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Ќе соработува ли Македонија со корпорации блиски до Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски и неколку министри вчера имаа средба со Крис Павловски, основач и извршен директор на интернационалната компанија Rumble, Хауард Лутник, основач и извршен директор на финансиската корпорации од САД, Cantor Fitzgerald и со Девин Нунес, поранешен конгресмен на Калифорнија и актуелен извршен директор на Трамп корпорација за медиуми и технологија.

За Топ Тема на телевизијата Телма, Мицкоски сподели повеќе детали за средбата.

„Организатор на оваа група е господинот Крис Павловски. Како држава, мислам дека треба да имаме чест и провилегија што овие луѓе, прво, се тука, бидејќи станува збор за корпорации со десетици милијарди долари годишен обрт.

Крис Павловски е со македонско потекло. Неговите родители се од ресенско, тој е роден во Канада, живее во САД и работи заедно со тимот на Трамп во делот на развивање на „Рамбл“ корпорацијата.

Таа е многу важна посебно во процесот на дигитализација, посебно во процесот на ФИНТЕК индустријата, итн..

Луѓето кои што беа тука, господинот Хауард и господинот Нес се двајца од кругот на најблиски соработници на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Тоа се луѓе со исклучително големо и корпоративно, но и политичко искуство во делот на трансформација на држави“, рече Мицкоски, кој потенцираше дека дигиталната трансформација е еден од приоритетите на оваа Влада, но не откри дали во тој процес ќе бидат вклучени и корпорации блиски до Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Македонија пак ќе се рекламира на CNN? Мицкоски го посети седиштето на телевизијата

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 11 лица, дополнително пријавени уште осуммина

Редакција

Измени во менаџментот на Стопанска банка Битола

Редакција

Бугарското Собрание гласаше „за“ почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ

Редакција