еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Комисијата за имунизација препорача трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, за здравствените работници и пациентите со имунокомпромитирана состојба

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека согласно препораките на Американска агенција за лекови и Европската агенција за лекови, како и анализите на кои се работеше во изминатиот период за тоа кои лица треба да примат трета доза вакцина, Комитетот за имунизација донесе одлука околу третата – бустер доза.

„Сите граѓани постари од 60 години, здравствени работници, независно од возраста и пациентите кои имаат трансплантации, на дијализа или имаат имунокомпромитирана здравствена состојба, по шест месеци од извршена комплетна вакцинација, ќе добијат трета доза на вакцина,“ изјави Филипче.

Тој додаде дека вакцинација со трета доза ќе се врши исклучиво со вакцина од производителот „Фајзер“ и согласно анализите, ваквата одлука е во насока на заштита на оние кои се најранливи и подложни на лоша клиничка слика при евентулано заразување од вирусот.

„Вакцинацијата со трета доза на вакцина ќе се врши со покана до граѓаните за термин преку СМС порака, онака како што се вршеше и на почетокот при приоритизација на критичните групи на граѓани,“ додаде Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Учениците ќе почнат да се тестираат со брзи антигенски тестови во првата недела од октомври

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Што бе Белорусија фукнал далавера???„: Твитер реакции за грешката на Евровизија и искачувањето на Тамара на седмо место

Редакција

Мицкоски: Квази-патриотски навој и крик на Каракачанов поради сомнението за поткуп за бугарските пасоши

Редакција

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ има дилеми околу јазикот, историјата, Протоколот, кој никој не го видел, вели Мицкоски по обраќањето на Фон дер Лајен

Редакција