еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Учениците ќе се тестираат со брзи антигенски тестови, бидејќи се асимптоматски носители на вирусот, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе се прават брзи антигенски тестови за Ковид-19 кај учениците од основното и средното образование, бидејќи како што истакна, факт е дека има мала трансмисија.

„Најголем дел од младите вирусот Ковид-19 го поминуваат без симптоми, па според тоа истите се препознаени како трансмитери на вирусот.

Засега, состојбата во училиштата е стабилна, но поради претпазливост и располагање со точни информации и сознанија во подготовка е методологија за спроведување на скрининг тестирање за учениците во основните и средните училишта. Тестирањата на учениците ќе се прават со брзи антигенски тестови,“ изјави Филипче на прес-конференција.

Тој додаде дека по почетокот на школската година се забележува очекуван раст на случаите меѓу учениците.

„Фактот што најголем дел од младите на таа возраст го поминуваат вирусот асимптоматски, упатува на потребата од вакво тестирање да се види реалниот број на заразени во училиштата и да се процени точно ризикот.

Она што е важно дека засега состојбата во училиштата е стабилна, но ваквото тестирање ќе ни даде точни информации и сознанија за понатамошен менаџмент на пандемијата и обрзованието,“ додаде Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комисијата за имунизација препорача трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, за здравствените работници и пациентите со имунокомпромитирана состојба

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ го враќа на дневен ред западниот Балкан во април?

Редакција

(Фото) Првиот контингент македонски мировници во КФОР заминаа во Косово

Редакција

Почна примената на Договорот за поедноставен транспорт на храна меѓу Македонија, Србија и Албанија

Редакција