еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Хорор во Делчево: Очув во неколку наврати силувал 15-годишно девојче, кога мајката не била дома

Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Делчево за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, информираа од Јавното обвинителство.

Осомничениот, како што соопшти Обвинителство, од летото 2022 година до 30. ноември 2023 година, во семејниот дом во Делчево, злоупотребувајќи ја својата положба како очув, во повеќе наврати вршел обљуба и други полови дејствија врз 15-годишно девојче, искористувајќи го моментот кога мајката на девојчето не била во домот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците или да ги прикрива трагите за извршеното дело, како и да го повтори делото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Бојко Борисов не ме повика за Орце Камчев

Редакција

Нови 83 случаи на Ковид-19 од 2.704 тестирања, бројката на активни изнесува 3.270

Редакција

Општина Гази Баба склучи договор со “Филип инженеринг“ вреден над 1 милион евра

Редакција