еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цената на становите во Скопје продолжува да расте, во четвртиот квартал лани пораснала за 7%

Цената на становите во Скопје продолжува да расте. Во четвртиот квартал лани споредено со истиот период претходната година, пораснала за 7%, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Споредено пак со третиот квартал лани цената пораснала за 1%.

Во првиот квартал лани цените на становите бележеа раст од 18,8% на годишно ниво, и 1,3% на квартално ниво.

Во вториот квартал растот на годишно ниво изнесуваше 12,9, а на квартално 1,6%, а во третиот квартал растот на цената на становите на годишно ниво беше 11, а во однос на претходниот квартал 2,9%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од коло 99 гарантираниот фонд за 7-ка ќе се зголеми на 10.000.000 денари, една лото-комбинација ќе изнесува 30 денари

Редакција

Литургии по повод Велигден во сите православни храмови низ државата

Редакција

Косово поднесе апликација за членство во ЕУ

Редакција