еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цената на струјата нема да поскапи повеќе од 1%, дополнителна евтина струја ќе нема, велат од РЕК

Цената на струјата од јануари нема да поскапи повеќе од 1%, информираше денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски.

Според него кај домаќинствата и кај најголем дел од малите потрошувачи, ќе има намалување на мрежарината, вклучувајќи го преносот и дистрибуцијата, за 7%.

Претходно мрежарината за домаќинствата изнесуваше 2,3 денари, а сега е 2,14 денари. Процентуалното учество на трошоците за мрежарина е 38%.

Тој информираше и дека до пролет следната година нема да има измени кај дневната евтина тарифа. Потоа ќе се правеле анализи дали е можно да има дополнително уште еден час дневно.

Колку точно ќе поскапи струјата и како ќе се движи цената по одделни блокови на потрошувачи ќе биде познато деновиве откако пресметките ќе ги направи универзалниот снабдувач ЕВН хоум.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре стартува дигиталната царина

Редакција

Предупредување од Интерпол: Нов предизвик на социјалните мрежи – групно самоубиство на млади луѓе

Редакција

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајка на патот Кавадарци-Росоман

Редакција