еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Цивилизираноста на новата влада на Македонија допрва ќе се оценува: И Радев со реакција за изјавата на Николоски

Цивилизираноста на новата влада на Македонија допрва ќе се оценува, се вели меѓудругото во реакцијата на Кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев за изјавата на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николоски, кој за неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, за домаќинот Радев рече дека очигледно не е цивилизиран и дека помизерни од нив се само домашните слуги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ги известивме партнерите за „неиспровоцираните провокации” од функционери на Македонија, велат од бугарското МНР за изјавата на Николоски

-Цивилизираноста на новата влада на РСМ допрва ќе се оценува во насока дали ќе продолжи да биде дел од кампањите за поттикнување омраза кон Бугарија или ќе се спротивстави и ќе ги почитува меѓународните договори, со нејзината посветеност за имплементација на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ.

Припадноста кон обединета Европа бара вистинска волја, систематски напори и конкретни резултати, велат од Кабинетот на Радев, од каде за изјавата на Николоски велат и дека е манипулирање со фактите и е хистерична.

-Манипулирањето со фактите и хистеричните реакции на владата на Република Северна Македонија не влеваат оптимизам дека нашиот југозападен сосед сака односите со Република Бугарија да го напуштат полето на провокации и оркестрирани скандали, велат од таму..

За неговиот Кабинет изјавата на Николоски е уште една навредлива квалификација кон Бугарија од страна на претставник на македонската влада.

-Отворениот и конструктивен дијалог, дури и на неформалниот состанок, каков што се одржа меѓу претседателите на Република Бугарија и на Република Северна Македонија на 13. ноември, очигледно длабоко вознемири одредени кругови во владата на РСМ, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видов дека го нема знамето и мислев да си заминам, но ќе направев скандал, објасни Сиљановска Давкова за инцидентот во Бугарија

За Радев посетата на Сиљановска Давкова не била ниту државна, ниту работна, затоа го немало македонското знаме

Сиљановска Давкова отишла да пие кафе со Радев затоа немало македонско знаме, вели советникот на Радев

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот Маричиќ: Декриминализацијата на марихуаната може да донесе повеќе поволности

Редакција

Одбраната бара од Апелација укинување на притворот за Боки 13

Редакција

Пожар кај Василево се гаси со хеликоптер, може да се прошири на две села

Редакција