еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Околу 6.000 здравствени работници во Грција на принуден неплатен одмор, оти не се вакцинирани

Нешто помалку од 6.000 невакцинирани здравствени работници во Грција веќе добија решенија за принуден, неплатен одмор, а Федерацијата на вработени во државните болници, денеска ќе одржи нов петчасовен прекин со работата и протест против задолжителната вакцинација, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Федерацијата уште еднаш потенцираат дека не се против вакцината и повторно упатуваат повик сите здравствени работници да се имунизираат, но паралелно додаваат дека „нема да дозволат нивните колеги да ги загубат работните места“ и нема да дозволат целосна неорганизираност на здравствениот систем, „поради мерката наметната без причина“.

Протести, исто како и минатиот четврток, закажаа во Солун и во Атина.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на извори од Министерството за здравство на Грција синоќа објави дека биле издадени 5.895 решенија за принуден, неплатен одмор за невакцинираните здравствени работници.

Мерката, што грчката Влада ја соопшти во јули, вчера стапи во сила, а на принуден, неплатен одмор заминуваат оние кои не примиле најмалку една доза од вакцината или немаат потврда за прележан Ковид-19.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со магнетна резонанца до брзо откривање на карцином на простата

Редакција

(Видео) Пет и пол месечната Ана по успешно изведена ретка интервенција си замина дома

Редакција

„Сите ќе ги амнестираат само Катица ќе лежи“: Твитер реакции за можното враќање на амнестиите на Иванов

Редакција