еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

„Сите ќе ги амнестираат само Катица ќе лежи“: Твитер реакции за можното враќање на амнестиите на Иванов

Можноста Уставниот суд да ги поништи сите обвиненија, истраги и процеси кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО) доминантно против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а кои беа амнестирани од поранешниот претседател Ѓорге Иванов ги запали социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанушев го повика Груевски да се врати и да ja одлежи казната затвор

Уставен поведе постапка за оценување на членот 11-а од дополнувањето на Законот за помилување

Имено пред неколку дена Уставниот суд покрена инцијатива зад која застанаа пет од вкупно девет судии, да се преиспита членот 11-а од Законот за помилување, според кој претседателот може да ја отповика дадената амнестија.

Сега со иницијативата се тврди спротивното, дека не може да ја отповика еднаш дадената амнестија.

Листата на поранешни и актуелни функционери кои би се „спасиле“ е прилично долга.

Беа амнестирани 56 лица, а меѓу нив се и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Миле Јанакиески, Горан Грујевски, Никола Бошкоски, Тони Јакимовски, Едмонд Темелко, Тони Трајковски, Владимир Талевски, Бедредин Ибраими, Мендух Тачи…

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прекршочна постапка за бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов“, Тупанчевски и Министерството за правда

Редакција

Каков имот пријавила Вилма Русковска, која Советот на јавни обвинители ја разреши од функцијата јавен обвинител

Редакција

Граѓаните и фирмите да се подготват: Ќе расте цената на нафтата

Редакција