еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19. мај во Скопје

Четвртиот градски триатлон – спринт дистанца „Стопанска Триоги триатлон 2024“ ќе се одржи на 19. мај 2024 година во Скопје.

Стартот и целта на натпреварот ќе бидат во спортскиот центар „Борис Трајковски”. Пливачкиот сегмент ќе се одржи на базенот „Борис Трајковски”, за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот Илинден, а трчањето ќе биде околу спортскиот центар.

Ова е настан на кој може да учествуваат натпреварувачи од сите можни возрасти и нуди идеални услови за почетници и професионалци од овој спорт.

– И оваа година ветуваме трка со која Скопје и спортската јавност ќе се гордее. Очекуваме и годинава да го достигнеме максималниот број учесници што условите ни го овозможуваат, а тоа се 300 и се надеваме дека Скопје сè повеќе гордо ќе стои на мапата на европски триатлон градови.

Во овие тешки времиња за спортот, благодарни сме на сите поединци и општествено-одговорни компании што ни помагаат да го организираме настанот, особено нашиот главен спонзор Стопанска лизинг, вели Данчо Ѓорѓијевски, организатор на трката од клубот „Триоги рејсинг“ од Скопје.

Настанот се реализира со техничка поддршка на Триатлон федерацијата на Северна Македонија. Пријавувањето ќе биде отворено до 9 мај 2024 или до пополнување на максималниот број учесници.

Kaтегории:

– Сениори (2004 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање

– Јуниори (2005-2008): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање

– Кадети (2009-20011): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање

– Деца 2 (2012-2014): 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање

– Деца 1 (2015 и помлади – рекреативна категорија): 75м пливање, 2км велосипед.

500м трчање

– Мастерс 1 (1994-1985): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање

– Мастерс 2 (1984-1975): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање

– Мастерс 3 (1974 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање

– Тимски триатлон: Tимoвите треба да се состојат од 3 члена (барем еден учесник од машки и еден од женски пол). Секој учесник штафетно одработува по една од дисциплините на спринт дистанцата: 750м пливање, 20км велосипед или 5км трчање.

Минималната возраст за велосипед сегмент и за трчањето е 16 години, а за пливањето е над 10 години со изјава од родител.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Вработените на ЕВН волонтираа во училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје

Редакција

Хероите на #СекојКилометарЗначи го посетија СОС Детско село

Редакција

„Една може“ организира панел дискусија за мобилизација за социјално претприемништво

Редакција