еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Четири активни пожари во Македонија, два се под контрола

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека денеска во Македонија има вкупно осум пожари на отворен простор, од кои четири се активни, а два се ставени под контрола.

Активни пожари има на територија на општините Чашка и Чучер Сандево, каде гори мешана шума.

Нискостеблеста вегетација гори во прилепскиот регион, а стрниште на територија на струшкото село Горно Татеши.

Пожар ставен под контрола има на територија на Општина Штип, каде се опожарени нискостеблеста шума, смреки и сува трева.

Вториот е во регионот на демирхисарското село Вардино, каде горат исечени дрва за огрев.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комуналните служби во Бугарија заинтересирани за возилата Грин Машинс на Брако

Редакција

Дневна амбуланта за онкологија на ГОБ „8 Септември“, ќе почне со работа за неколку недели

Редакција

Русија за уште 33% ја намали испораката на гас за Европа преку Северен тек

Редакција