еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Што вели Груби за одлуката на САД да го стави на „црната листа“

Американскиот Стејт департмент го стави поранешниот прв вицепремиер, кадар на опозициската ДУИ, Артан Груби на „црната листа“ на САД.

На истата заврши и неговото семејство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Артан Груби со семејството и судијата Енвер Беџети завршија на „црната листа“ на САД

Груби по одлуката се огласи на Фејсбук и напиша дека за истата дознал од медиумите.

Во реакцијата напиша дека целиот негов јавен живот го посветил на западните демократски вредности и секогаш посветено работел за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, па одлуката го засегала директно и лично.

-Ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање.

Транспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главниот столб на секоја моја акција, напиша Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Кај нас за Артан Груби нема судски процес за корупција„: Одлуката на САД да го стави функционерот на ДУИ на „црната листа„ – хит на Х

Партнерот на ДУИ, Зијадин Села, бара Груби да се повлече од политика

(Видео) Реакцијата на Османи и Адеми кога дознаа дека Груби е ставен на „црната листа“ – хит на социјалните мрежи

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

Сава Димитрова и Таки Фити не се повеќе членови на НО на Комерцијална банка

Редакција

Починаа уште три лица од корона вирусот, вкупно 500

Редакција