Правникот Ѓорѓи Божинов од страна на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова е именуван за генерален секретар на нејзиниот Кабинет.
Тој позади себе има неколку годишно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, јавни набавки, програмите за финансиска поддршка и легислативата на Европската Унија во овие области, а во Кабинетот на претседателката доаѓа од Министерството за земјоделие.
Тој доаѓа на местото на Миле Бошњаковски.
Заменик на Божинов ќе биде долгодишниот новинар Горан Момировски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Гордана Силјановска Давкова, првата македонска претседателка
Каков имот пријавила Гордана Силјановска Давкова, првата жена претседател на Македонија
(Фото) Силјановска Давкова, првата македонска претседателка приватно
Фото: Фејсбук/Силјановска