еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанушев: Не постои подарено земјиште, погрешно се внесени податоците во Антикорупциска

Денеска во врска со случајот на подарениот имот се огласи и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, кој меѓудругото на Фејсбук напиша дека не станува збор за земјиште и дека погрешно биле внесени податоците во неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога стапи на новата функција.

-Не постои никакво подарено земјиште… има погрешно внесени податоци за што веќе е направена и корекција од моја страна.

Истиот имот кој во моментов го поседувам, го поседував и во минатото и доколку било што беше проблематично, Владата на СДС&ДУИ имаше и повеќе од доволно време да постапува, напиша тој на Фејсбук.

Техничката грешка пред неколку дена ја констатираше и еМагазин, кога го објавиме неговиот анкетен лист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Игор Јанушев, за кого СДСМ бара Обвинителството и ДКСК да испитаат како добил градежно земјиште на подарок вредно 325.000 евра

Прво стоеше земјиште.

Потоа беше корегирано во стан.

Исто така објавиме дека истиот стан го пријавил уште додека бил пратеник во претходниот пратенички мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Игор Јанушев откри од каде му е подарениот имот

Тошковски вели дека не поседува ништо надвор од тоа што пријавил во Антикорупциска

(Фото) И Панче Тошковски има стан во поклонетиот имот на Јанушев, тврди СДСМ

Фото: Јанушев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство му одреди притвор: 18-годишно момче од Гостивар обљубил 12-годишно девојче кое му било роднина

Редакција

Цените на производите може да се намалат од сабота, доколку пратениците утре ги изгласат законските измени за ДДВ и акцизата

Редакција

Ќе одговара ли некој што сестрата од Детската клиника неправедно беше нападната и обвинета за наводно претепување на бебе?

Редакција