Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека по повод државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, на 7.09.2024 година (сабота) и 9.09.2024 година (понеделник) ќе вози по неделен возен ред.
За време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.
Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.
Во понеделник 9.09.2024 година, нема да биде во функција жичницата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.