Автобус на ЈСП удри во пешак, кој се здобил со тешки телесни повреди, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера претпладне во 10.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Крсте Мисирков“ и ул. „Петре Ѓорѓиев“ во Скопје автобус на ЈСП, управуван од Б.А.(50), удрил во пешакот Н.С.(70), двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“,“ велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.