еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Агенцијата за цивилно воздухопловство забрани користење дронови на повеќе локации низ Македонија

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска информираа дека Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) забрани вршење било какви операции со воздухоплови без екипаж – дронови, на територијата на неколку општини, населени места и локации.

Од МВР велат дека неовластено и некоординирано оперирање со овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја.

Посочуваат дека летањето дронови во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство.

Забраната важи за следните локации: Кочани, вклучувајќи ги селото Оризари, селото Тркање и селото Зрновци, Штип со околните места, Општина Чешиново – Облешево, вклучувајќи ги селата Соколарци и Чифлик, Струмица со околните места, Пробиштип со околните места, Македонска Каменица со околните места, Виница, вклучувајќи го селото Митец, Скопје – гробиштата Бутел, гробиштата во Ѓорче Петров, гробиштата во селото Горно Лисиче и гробиштата во Горно Нерези.

„Апелираме до граѓаните во овие денови на неизмерна тага и болка во рамки на загарантираното со Устав право на собирање и одржување на протест, истите да се одржат во мирна атмосфера, да се почитуваат веќе донесените одлуки од страна на државните институции и да се почитуваат наредбите и насоките од страна на полициските службеници, во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани во државата“, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За снимање со дрон во Скопје и Кочани приведени осум лица од Македонија, Србија и Бугарија

Новинар и видеографер на ТВ 21 и новинар на Ројтерс беа на разговор во полицијата оти користеле дрон за собирот во Скопје, реагираа ЗНМ и ССНМ

Агенцијата за цивилно воздухопловство забрани употреба на дронови над Кочани и Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Блерим Река, кандидатот за претседател на Алијансата за Албанците и Беса

Редакција

Изборен молк, гласаат затворениците и немоќните лица

Редакција

Украдено, па најдено, возило на Итната помош во Општата болница во Кочани

Редакција