еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид АД Скопје со четири признанија: Најтранспарентно котирано друштво по избор на медиумите и по избор на пазарните учесници, Акција на годината и Добри ESG-практики

На свечената церемонија по повод доделувањето на годишните награди на Македонската берза за 2024 година, која се одржа на 16. декември 2024 година, Алкалоид АД Скопје ги доби престижните награди за Најтранспарентно котирано акционерско друштво по избор на медиумите, Најтранспарентно котирано акционерско друштво по избор на пазарните учесници, Акција на годината врз основа на резултатите од гласовите на пошироката јавност од заедничката анкета на Македонската берза и на порталот „Фактор“ и наградата за Добри ESG-практики доделена од Македонската берза во соработка со Американската стопанска комора во Македонија.

Признание за Најтранспарентно котирано акционерско друштво компанијата освојува по 12. пат и со тоа ја потврдува посветеноста на Алкалоид АД Скопје кон највисоките стандарди на корпоративно управување. Транспарентноста во работењето и квалитетната комуникација со сите засегнати страни – инвеститорите, институциите, медиумите и јавноста – се основните вредности кои доследно ги негува компанијата, посочуваат од компанијата.

-Наградите ја одразуваат решителноста на Алкалоид за одговорно работење, како и успешната имплементација на моделот за одржлив раст и развој. Наградата за добри ESG-практики е значајно признание за успешната имплементација на ESG-стандардите во работењето и за нивната интеграција во деловните стратегии, како и доказ за довербата која ја имаат сите засегнати страни во компанијата, а која ја мотивира да продолжи со постигнување врвни резултати и со создавање долгорочна вредност за инвеститорите, заедницата и за идните генерации, велат од компанијата.

Посветен на јасна предвидливост и на високи перформанси Алкалоид АД Скопје ќе продолжи да ги зајакнува овие принципи во годините што следуваат, останувајќи лидер во деловната етика и во корпоративната одговорност, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Сите добитници на Годишните награди на Македонска берза за 2024

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Татјана Јанушева го краси престижниот американски моден магазин Pump, со фотографии од Санторини

Редакција

Посетата на рускиот министер Лавров на Србија откажана откако му се забрани да лета над Македонија, Црна Гора и Бугарија

Редакција

Каков имот пријавил Никола Мемов, новиот директор на ПИОМ

Редакција