еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антикорупциска бара кривично да се гони поранешен директор на ЕСМ, ја злоупотребил положбата за набавка на мазут

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) поднесе иницијатива за кривично гонење на поранешен директор на ЕСМ, бидејќи ја злоупотребил положбата за набавка на мазут, информираа од таму.

„Предметот со број 12-462/1 од 25.1.2023 година е оформен од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива во врска со јавно изнесени наводи за незаконска набавка на мазут од страна на АД ЕСМ Скопје за потребите на АД ТЕЦ ‘Неготино’, со цел рестартирање на овој субјект за производство на електрична енергија.

По оформувањето на предметот, на 28.2.2023 година, непознат подносител до ДКСК достави дополнителна документација, која се однесуваше за предметот, со цел ДКСК да ги испита состојбите наведени во пријавата. Вредноста на вкупната набавка е речиси седум милијарди и 500 илјади денари или околу 212 милиони евра.

Набавката требало да ја изврши фирмата РКМ ДОО Скопје, при што била предвидена количина мазут за која постои сомнеж дека не можела да биде испорачана за многу кус временски период.

Требало да бидат набавени околу 195 илјади тони мазут. Дополнително, според јавно изнесените наводи, АД ЕСМ Скопје наводно извршил и продажба на ноќни вишоци електрична енергија на една фирма по цена што била многу пониска од берзанската, според податоците и информациите на HUPEX.

За наводите, кои се однесуваат на сомнеж за незаконска продажба на ноќни вишоци електрична енергија од страна на АД ЕСМ Скопје, ДКСК ќе одлучи со друга одлука кон предметот“, информираат од таму.

ДКСК за овој случај побарала податоци, информации и документација од АД ЕСМ Скопје, од АД ТЕЦ „Неготино“, од Управата за јавни приходи, од Владата, од деловните банки со кои соработува РКМ ДОО Скопје, Царинската управа и еден стопански субјект од земјава, кој остварил соработка со РКМ ДОО Скопје, „Нафтовод“ ДООЕЛ Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

„Со цел обезбедување дополнителни сознанија за конкретниот случај, Државната комисија за спречување на корупцијата закажа и одржа службени разговори со овластени претставници од АД ТЕЦ ‘Неготино’ на 10.4.2023 година во своите простории и со овластен претставник на Регулаторната комисија за енергетика, исто така во нејзините простории на 1.8.2023 година“, велат од ДКСК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по македонските болници

Редакција

По бројните негативни реакции, Министерството за правда го повлекува предлогот за казнивост за изразено „негативно мислење„

Редакција

Четворица позитивни на Ковид-19 на Радиологија меѓу кои и директорот

Редакција