еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антикорупциска ќе ги испитува сите именувања на новите директори

Од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) информираа дека внимателно го следат процесот на именувања на вршители на должност (в.д.) директори во неколку државни институции.

-Комисијата ќе го испита секој случај поединечно со цел да утврди дали именувањата се во согласност со законските прописи и дали истите се предвидени и дозволени.

Доколку се утврди дека именувањата се спротивни на законските прописи, ДКСК ќе преземе соодветни мерки и ќе поведе постапки по сопствена иницијатива. Комисијата се залага за обезбедување на законитост и транспарентност во процесот на именувања и назначувања во државните институции.

Целта на овие проверки е да се осигура дека секое именување е направено во согласност со важечките закони, и дека нема злоупотреба на функцијата за лични или политички интереси.

Комисијата ќе продолжи со мониторингот и со својата работа ќе придонесува за одржување на интегритетот и довербата во институциите од јавниот сектор, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови директори во Катастар, Агенцијата за странски инвестиции, Државниот инспекторатот за земјоделство…

Смена на директори на ГОБ „8 Септември“ и Институт за јавно здравје

Коце Трајановски нов в.д. директор на ЈП за државни патишта

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стратегијата на НЛБ Групацијата ќе придонесе за побрз економски раст на регионот и подобрување на животниот стандард

Силвана Жежова

Штипски Бетон во загуба

Редакција

Кој сè од Управниот и Надзорниот одбор на Комерцијална купи акции на Банката

Редакција