еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелација со гаранција од над 600 илајди евра пушти обвинетиот организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје

Апелациониот суд Скопје пушти од притвор обвинет организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје, кој претходно од Албанија, каде избегал, бил екстрадиран во Македонија.

Телевизијата Телма објави дека станува збор за Валмир Етеми (32) од Струга, а Судот ја прифатил неговата жалба и гаранцијата – хипотека во недвижен имот вреден над 600 илајди евра.

Етеми добил и мерки на претпазливост – редовно јавување во суд и одземање на патна исправа.

Бил во притвор од мај, а истиот му е укинат во петокот.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција претходно информираа дека дале негативно мислење за негово пуштање од притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фон дер Лајен твитна оти сме имале посебен идентитет, не напиша каков

Редакција

Зошто го нема македонското знаме на средбите на Сиљановска Давкова и Љутков во Бугарија?

Редакција

И по еден месец, без одговор на куп прашања за „Рекет„

Редакција