еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Арбен Таравари злоупотребен како лекар во реклама за слабеење

Лидерот на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, лекарот Арбен Таравари е злоупотребен како лекар во реклама за средство за слабеење.

-Како лекар, длабоко сум загрижен за ширењето лажна реклама во мое име за производ за слабеење, за којшто се тврди дека придонесува за губење на телесната тежина.

Ги повикувам луѓето да бидат исклучително внимателни кога наидуваат на вакви содржини, коишто во дадени околности дури може да предизвикаат и големи штети по нивната здравствена состојба.

Мој приоритет отсекогаш бил грижа за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Сите граѓани треба да имаат пристап до точни и веродостојни информации кога станува збор за нивното здравје и благосостојба.

Ги повикувам институциите да преземат мерки против ваквите лажни реклами коишто не само што можат да ги доведат потрошувачите во заблуда, туку и да предизвикаат сериозни здравствени ризици, напиша тој на Фејсбук.

Фото: Таравари/Фејсбук/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Ременски ќе и се суди заедно со Боки 13, одобрено обвинението за случајот „Рекег 2“

Редакција

Сведоштво за „Меѓународен сојуз“: Камчев платил 300.000 евра рекет на Боки 13

Редакција

(Фото) Во Тирана со лет на „Ер Албанија“ пристигнаа првите македонски државјани од Израел

Редакција