еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелација ја прифати жалбата на Мијалков за неговото барање за условен отпуст

Апелациониот суд Скопје ја прифати жалбата на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, и го врати предметот пред Кривичен суд, за тој повторно да одлучи за барањето за условен отпуст на Мијалков.

– Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалба на осудениот С.М., од С., а изјавена преку Казнено-поправниот дом од отворен вид – Струга, донесе решение со кое жалбата се уважува, а предметот се укинува и се враќа на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд, соопштија денеска од Апелационен суд Скопје.

Уважувањето на жалбата на осудениот Сашо Мијалков доаѓа откако претходно предлогот на директорот на Казнено-поправниот дом Струга за условен отпуст на осудениот беше одбиен како неоснован.

– Согласно донесеното решение на Апелациониот суд – Скопје како недозволена ја отфрли жалбата на директорот на Казнено-поправниот дом од отворен вид – Струга, велат од Апелација.

Мијалков издржува казна во затворот во Струга, откако по признанието на вина беше осуден на три години затвор во предметот „Империја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најголемите должници на новата Листа на УЈП, меѓу нив се уште и фирмите кои се поврзуваат со Мијалков

Сашо Мијалков ослободен за „Трезор“, случајот за набавка на опрема за следење од Британија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место за убиство на ракометарот Денис Тот, на обвинетите да им се суди за тепачка со смртни последици, бара одбраната

Редакција

443 казни за неносење маска

Редакција

Францускиот претседател Макрон: Одбивам секакво проширување пред длабока институционална реформа на ЕУ

Редакција