Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши на службениот мејл добил закани по живот, информираа од неговиот Кабинет.
Случајот бил веднаш пријавен во Министерството за внатрешни работи.
„Уставни измени никогаш, никогаш, никогаш да има, ќе има бесење и колење и убивање на сè бугарско, фашистичко. Тие се фашисти и нивното место е на бесилка, да се лекуваат од болеста што ја имаат.
Само пробајте, ќе ви влеземе во Собрание и ќе ве убиеме вас ш*****ски к*чиња кои сте за Бугарите, само смрт“, стои во заканувачкиот и навредливиот мејл до Гаши.
Фото: Гаши/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.