Лидерот на ДУИ, Али Ахмети има редовна комуникација со поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби и тој треба да каже кога тој ќе се врати во Македонија, кажа премиерот Христијан Мицкоски во интервју за телевизијата Алсат.
Мицкоски вели дека не знае кога ќе се врати Груби.
-Јас би сакал да се врати уште денеска, затоа што единствениот начин да одговори на сите прашања е да биде тука присутен и да даде одговор, вели Мицкоски.
Се уште нема официјална информација каде моментално е Груби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бегалецот Артан Груби за брзо време ќе биде уапсен?
Каков имот пријавил Артан Груби, кој е ставен на „црната листа„ на САД
Кој сѐ освен Артан Груби и Енвер Беџети е на „црната листа“ на САД
Фото: Груби/Фејсбук