еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ахмети стана почесен граѓанин на Тирана

Лидерот н ДУИ, Али Ахмети стана „почесен граѓанин“ на Тирана, на предлог на градоначалникот Ерион Велиај.

Титулата му се доделила „како признание за неговиот континуиран придонес во заштитата на интересите на Албанците во Македонија, растот на политичките, социјалните и економските односи меѓу албанската заедница на Македонија и граѓаните на Тирана и зајакнување на врската меѓу заедниците за да се изгради заедничка клима на соработка и почит меѓу Албанците и Македонците.”

„Албанија со нас сподели леб, сол и срце. Денес Косово е држава, Албанците во Македонија се државотворни. Во националната дејност секогаш ги имав на ум виталните причини за слобода и еднаквост на Албанците во нивните земји, зачувувањето на националниот идентитет во Косово и Македонија, имајќи ум и душа секогаш во нашата Албанија која стоеше во секој момент покрај нас во нашите ослободителни движења.

Оваа чест ја споделувам со сите мои соборци, политички затвореници во мојата земја и на Косово, со 3.000 смртни мошти што ги имам во татковината што тие за нашето национално знаме и за нашиот убав албански јазик,” истакна Ахмети.

Фото: Ахметиќ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев, Анѓушев, Крешник ќе одат на самитот во Давос

Редакција

Каков имот пријавил пратеникот Игор Јанушев

Редакција

Османи ќе вложел напори во среда да биде во Скопје и да се обрати на собраниска Комисија за патоказот за договорот со Бугарија

Редакција