еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

А1 Македонија прославува со своите корисници – 50 % роденденски попуст за 5 години А1

А1 Македонија, телекомуникациска компанија членка на Групацијата А1, ја прославува својата петта година од претставувањето на брендот на македонскиот пазар, информираат од таму.

Компанијата е горда на своите достигнувања во минатите пет години исполнети со иновативни дигитални решенија, богато конвергентно портфолио, најатрактивни понуди и воведување нови технологии и содржини со кои ја овозможува дигитализацијата на целото општество, посочуваат од таму.

„Лидерската позиција на пазарот и довербата на корисниците во изминативе 5 години се доказ за нашата посветена работа и континуираното инвестирање во премиум корисничко искуство.

Изградивме најмодерна мобилна и оптичка мрежа, ги усовршивме сите наши производи и услуги, вложивме во нови најнапредни технологии, во атрактивни содржини, сè со цел да ги поврземе нашите корисници и да овозможиме да ги споделуваат најважните моменти во животот“, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.

Големото А1 семејство надминува милион корисници на мобилни и фиксни услуги, што претставува потврда за довербата во поглед на достапноста и квалитетот на услугите на компанијата, велат од таму.

„Задоволните корисници се нашиот секојдневен поттик за постојано да се подобруваме и да растеме. Затоа, продолжуваме со уште посилно темпо и понатаму да обезбедуваме најдобри понуди, супериорна корисничка услуга и врвни технологии. Сигурни сме дека сето ова ќе донесе уште повеќе вредност, многу повеќе комуникација и поврзаност.

Kако и секогаш, најважните моменти ги славиме сите заедно и денес ја почнуваме роденденската кампања ‘Животот е прекрасен со тебе’, со која внесуваме позитивна енергија во светот околу нас и многу придобивки за нашите корисници“, изјави Мирчев.

Како дел од кампањата „Животот е прекрасен со тебе“ А1 воведува атрактивна понуда, со која сите нови и постојни приватни постпејд корисници што ќе направат обнова на својот договор, добиваат ексклузивна можност за 50 % попуст за нов паметен уред.

Со А1 Net M + TV M и две мобилни линии A1 Ultra M имаат можност да го добијат извонредниот iPhone 15 5G 128GB за месечна рата од 999 денари.

Додека, пак, сите нови и постојни бизнис-корисници со А1 Net Business Pro M и две мобилни линии А1 Business Pro М добиваат 50 % попуст за нов паметен уред SAMSUNG Galaxy S24 5G 8/128GB, со 287 денари месечна рата.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) По педесеттина години повторно поставен мост на прочуениот локалитет „Ѓаволски мост“ на планината Беласица

Редакција

НЛБ Банка по петти пат ја доби наградата за најдобра Банка на Europe Banking Awards

Редакција

(Фото) Како ќе изгледа накитот „Флора вс Фауна“ кој утре ќе биде изложен во Природно-научниот музеј

Редакција