еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Бимилк со традиционална поддршка за децата од СОС Детско село при почетокот на школската година

Бимилк традиционално и оваа година ги поддржа децата од СОС Детско село при почетокот на школската година и со тоа уште еднаш ја потврди својата грижа за децата и младите без родители, информираат од таму.

Како општествено одговорна компанија, Бимилк продолжи со своето стратешко партнерство со СОС Детско село преку редовна месечна финансиска помош, овозможувајќи полесно вклучување на децата во образовниот процес, посочуваат од таму.

Дополнително, оваа година, компанијата ја прошири својата општествена ангажираност со поддршка на хуманитарната трка IT4Charity.

„Бимилк е стратешки партнер на СОС Детско село и со тоа имаме воспоставено релација на долготрајна помош и поддршка за децата и згрижувачките семејства.

Поддршката на IT4Charity иницијативата за нас е уште еден начин за помош на ранливата категорија, на децата без родителска грижа и децата кои се дел од нашата иднина и на кои им е потребна дополнителна помош за полесно да влезат во образовниот процес и да можат да станат одговорни членови на заедницата.

Затоа сме горди што преку поддршката на трката IT4Charity, дадовме уште поголем придонес кон оваа навистина убава иницијатива и ја зголемуваме свесноста за потребите на децата како ранлива категорија“, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во Бимилк.

Хуманитарната трка IT4Charity оваа година доби на масовност со рекордниот број учесници од компании од IT секторот. Средства од трката се наменети за професионална поддршка на згрижувачките семејства и децата што вклучува експерти како психолози, логопеди, дефектолози, социјални работници, како и тренинзи и консултации за родителство со предизвик.

Проектот има големо значење за СОС Детско село од каде изразија задоволство и благодарност.

„Презадоволни и преблагодарни сме. Годинава ги надминавме сите досегашни резултати, и по бројот на компании донатори, и по бројот на пријавени учесници, но и по собраните средства. Особено сме горди што 9 нови компании ја препознаа мисијата на СОС Детско село и ја поддржаа овогодинешната хумана донаторска инцијатива IT4Charity“, велат од СОС Детско село.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени Еуролинк стипендии за 30 студенти од Правен факултет „Јустинијан Први“, во вкупна вредност од 1.700.000,00 денари

Редакција

(Фото) Првиот автомобил БМВ ИКС 1 од инстант лозот Мини и Макси отпатува за Битола

Редакција

„Макпетрол“ ќе овозможи работилници против врсничко насилство и во Валандово

Редакција