БИМ АД Свети Николе лани остварил нето добивка од 55.504 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Остварените приходи од продажба изнесуваат 955.805 илјади денари и тие се за 28% поголеми во споредба со приходите од продажба остварени во 2023 година, кога изнесуваа 747.822 илјади денари.
По структурата на застапеност во вкупните приходи од продажба, приходите од домашниот пазар учествуваат со 53,65%, додека од странскиот пазар со 46,35%.
Оперативните расходи изнесуваат 884.870 илјади денари и се поголеми за 27% во однос на истите од 2023 година, кога изнесуваа 696.774 илјади денари. Најголемо учество во вкупните расходи имаат трошоците за суровини и други материјали и изнесуваат 785.967 илјади денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БИМ од Свети Николе со добивка во третиот квартал
Колкава плата имал лани директорот на БИМ Свети Николе и членовите на Одборот на директори