БИМ АД Свети Николе во првите три месеци од годинава остварил нето добивка од 93.000 денари, информираат од Друштвото преку Македонската берза.
Во овој период Друштвото остварило приходи од продажба од 212.406.000 денари, што е за 133% повеќе во однос на истиот период претходната година.
По структурата на застапеност во вкупните приходи, приходите од домашен пазар учествуваат со 45,67%, додека од странскиот пазар со 54,33%.
-Оперативните расходите изнесуваат 216.245.000 денари и се поголеми во однос на истиот период од претходната година. Најголемо учество во вкупните трошоци имаат потрошените суровини и репроматеријали и изнесуваат 194.750.000 денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БИМ Свети Николе ќе дели дивиденда од 2.000 денари бруто по акција
Колкава плата имал лани директорот на БИМ Свети Николе и членовите на Одборот на директори
БИМ од Свети Николе лани со добивка