еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Биолошка терапија до крајот на неделата и реорганизација на Клиника за онкологија, најави Таравари

Биолошките лекови што недостигаа за пациентите од Клиниката за онкологија, ќе ги има до крајот на неделата потврди министерот за здравство Арбен Таравари. Дефицитот наскоро ќе биде решен – за дел со донации, а за дел од лековите со анекси на договорите во јавните набавки.

„Недостасува само биолошка терапија и тоа само шест-седум дена. Се надевам дека оваа недела Клиниката за онкологија ќе биде снабдена со биолошка терапија. Ние досега сме имале дури повеќе отколку минатите години биолошка терапија.

Меѓутоа, побарувањата од пациентите се многу поголеми, затоа веќе имаме протоколи и конзилиум од доктори, бидејќи навистина е луксузна и не треба да се даде баш секаде, туку таму каде што е индицирано и таму каде што лекарскиот конзилиум ќе одлучи дека треба да се даде биолошка терапија,“ изјави Таравари.

Министерот најави реорганизација, односно децентрализација во третирањето на пациенти со карцином.

„Интензивно работиме „8 Септември“ набрзо да почне да функционира со цел во Клиниката за онкологија да има помалку пациенти. Штип, Тетово и Битола функционираат. Ние во овој период веќе размислуваме и да се реорганизира Клиниката за онкологија, да функционира слично како Токсикологија. Дирекцијата да биде единствена и директорот да може да ги управува сите подединици кои ќе бидат во градовите каде што може да се подели или да се ординира онколошката терапија. Со тоа ја реализираме нашата цел да има децентрализација и во онкологијата,“ рече Таравари.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски ги најави промените за да се најде долгорочно решение за дефицитот на лекови за пациентите од Онкологија.

Соопшти дека во моментот работат на план, кој наскоро ќе го објават, почнувајќи од дијагностиката. Во разговор со Институтот за патологија и ПЕТ-центарот разгледуваат како да се скрати времето на дијагностика за, како што рече, „сите тие милиони што ги инвестираме во посебно скапа терапија да имаат некаква смисла“.

„Тоа значи доекипирање на патолошки лаборатории надвор од Скопје, зголемување на капацитетот на ПЕТ-скен, забрзување на постапките. Она што ќе го направиме во терапевтскиот дел е зголемување на основниот буџет за речиси 40-50 проценти, тоа треба да биде одобрено оваа недела.

И тоа ќе биде значајно отскокнување, некои од критичните лекови ќе бидат зголемени двапати – од три-три и пол илјади вијали на шест-седум илјади вијали годишно,“ посочи Клековски.

Како што рече, ќе мора да се разгледа и децентрализацијата на терапијата и дел од таблетарната да биде на позитивна листа за да може да се подига надвор од Онкологија, а ќе бараат начин, како што рече, како дел од биолошката терапија да се доделува надвор од Клиниката за онкологија.

„Ние имаме онколошки одделенија во „8 Септември“, во Штип, Битола и во Тетово, кои во овој момент не третираат со биолошка терапија. Или ќе третираат или нема потреба да имаме онколошки одделенија што не работат. Мислам дека заедно со подобрување на Регистарот на пациенти, за да се обезбеди една предвидливост на промените, ќе ја стабилизираме ситуацијата,“ додаде Клековски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лекови на Онкологија ќе има, проблемот е организациски, вели Клековски

Пациентите на Клиниката за онкологија останаа без биолошка терапија

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина 25-годишен припадник на македонската Армија

Редакција

(ВИДЕО) На 59 години почина пејачот и модел Ник Кејмен

Редакција

Димитар Ковачевски избран за мандатар на новата влада

Редакција