Иако имаше доза на скептицизам, бојкотот на маркетите во Македонија е успешен, покажаа податоците на Управата за јавни приходи (УЈП).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бојкотот го преполови прометот во маркетите, се намалил за 47% информираат од УЈП
Според УЈП во петокот прометот на најголемите осум маркети е намален за 47%.
Засега нема никакви реакции или најави од маркетите за намалување на цените, освен еден кој на ден пред бојкотот најави пониски цени за повеќе производи, а друг неколку дена пред бојкотот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЕРО ги замрзна цените на 100 производи за следните шест месеци
Тинекс испрати писмо до добавувачите, за замрзнување на цените
Со други зборови, цените генерално си останаа исти.
Во Хрватска, од каде целиот регион на поранешна Југославија беше инспиран за оваа граѓанска инцијатива, бојкот на маркетите продолжува, а така е и во Словенија, пренесуваат тамошните медиуми.
Неколку маркети во Хрватска најавија намалување на бројни производи, откако таму и вториот бојкот беше успешен.
Во Македонија засега нема најава за нов бојкот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бојкот е успешен, како и што треба, велат вработени во маркетите
Во Хрватска вчера пад на прометот за 42%, во Македонија се чека на пресметките
Поранешна Југославија се „обедини“ за бојкот на маркетите
Фото: Игор Бансколиев