еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Брачен пар од Прилеп останале без 15.000 евра поради измама на Интернет

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека вчера во 16.00 часот во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријавила дека во периодот од 27.02.2025 до пријавувањето, од нејзината сметка во банка во неколку наврати биле повлечени вкупно 616.000 денари, додека од сметката на нејзиниот сопруг во неколку наврати биле повлечени 280.000 денари.

Според пријавеното, претходно, тие повеќе пати биле контактирани од лица кои се претставувале како вработени во компанија која се занимава со тргување на берза со злато и пари и од нив барале да симнат нивна апликација и да се регистрираат на неа, а исто така, им биле побарани и матични броеви, кои ги споделиле со нив.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработен во Турска амбасада пријавил исчезнат студент

Редакција

Детална листа: Општина Тетово го објави списокот на сите договори на дело склучени со општината за 2021 година

Редакција

„Водејќи хибридна војна против Русија, Западот се приближува до светска војна“, вели Медведев

Редакција