еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија испрати јасна политичка порака за непосветеноста за изградбата на железничкиот Коридор 8, смета министерот Николоски

Откако Владата на Бугарија донесе одлука за одложување на модернизацијата на делниците Софија-Перник и Перник-Радомир, кои се дел од железничкото поврзување со Македонија во рамки на Коридорот 8, денеска реагираше македонскиот министер за транспорт, Александар Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија ја стопираше модернизацијата на пругата кон Македонија, дел од Коридорот 8

Тој смета дека земјата со таквата одлука испратила јасна политичка порака за нејзината непосветеност за изградбата на железничкиот Коридор 8.

Николоски вели дека во македонската Влада со жалење ја примиле оваа информацијата и дека за одлуката ги известил Делегацијата на Европската Унија, Европската транспортна заедница, како и Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), имајќи предвид дека Македонија има потпишано договори за кредит за Коридорот 8 во висина од 350 милиони евра.

Доколку овие пари, не по наша, туку по вина на Софија не се искористат, како што рече Николоски, земјава би плаќала резервации.

„Мора да го заштитиме и финансискиот интерес на државата. Втората фаза од изградбата ќе ја завршиме сигурно, рокот е до октомври 2026 година и тоа ќе го направиме. Третата фаза има смисла, инженерски зборувам, само доколку се поврземе со Бугарија. Не можеме да изградиме тунел до пола, тоа никаде во светот го нема така што мора да имаме договор. Ние остануваме силно посветени на железничкиот Коридор 8“, рече тој и изрази очекување дека дијалогот со Бугарија за изградба на железничкото поврзување во рамки на Коридорот 8 ќе продолжи и дека Софија ќе покаже подготвеност за овој проект како што тоа го прави Македонија.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот директор на Финансиска полиција, Муареми од СДСМ премина во ДУИ

Редакција

Се разгледуваат законски измени за зголемување на казните за возачите кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот

Редакција

Во штипскиот ковид центар расте бројот на тешки случаи, од Ковид-19 починаа две лица

Редакција