еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Бројот на жртви од поплавите во Либија може да достигне 20 илјади само во градот Дерна

Бројот на загинати од разорните поплави што ја погодија источна Либија може да достигне 20 илјади само во градот Дерна, изјави градоначалникот Абдулменам Ал Гаити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вознемирувачки снимки од катастрофата во Либија, бројот на загинати се искачи на над 5.000

-Очекуваме многу голем број жртви. Може да достигне од 18 илјади до 20 илјади смртни случаи врз основа на уништените области во Дерна, изјави вчера градоначалникот.

Повеќе од 5.300 луѓе загинаа во поплавите во Дерна. Додека спасувачите и роднините продолжуваат да трагаат по преживеани, според Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, околу 10 илјади луѓе се водат како исчезнати.

Поплавите во источна Либија, исто така, оставија без покрив над 30 илјади луѓе, според Меѓународната организација за миграција на ОН, особено во Дерна.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Кои се најуспешните хотели во Македонија со нова туристичка понуда во хотелиерството

Редакција

Алкалоид лани со раст на приходите од 16% и на добивката од 12%

Редакција

Воведена авиолинија Женева-Скопје со „easy Jet“, летови ќе има трипати неделно

Редакција