еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бугарија конечно доби влада, нов премиер е Росен Жељазков

Бугарија по неколку неуспешни обиди конечно доби редовна политичка влада, предводена од Росен Жељазков, кадар на ГЕРБ на Бојко Борисов.

За новата влада во Народното Собрание „за“ гласаа 125 пратеници, а „против“ беа 114, а во истата, коалицијата ГЕРБ-СДС ќе има 11 министри, БСП – Обединета левичарска партија пет, а Има таков народ, четворица.

ДПС – ДПС иако ја поддржа, нема да партиципира во новата Влада.

Кои се новите министри и вицепремиери

Вицепремиер и министер за иновации и раст е Томислав Дончев, вицепремиер – Атанас Зафиров, вицепремиер и министер за транспорт и врски – Гроздан Караѓов, министерка за финансии – Теменужка Петкова, министер за внатрешни работи – Даниел Митов, министер за надворешни работи – Георг Георгиев, министер за регионален развој и јавни работи – Иван Иванов, министерот за труд и социјална политика – Борислав Гуцанов, министер за одбрана – Атанас Запријанов, министер за правда – Георги Георгиев, министер за образование и наука – Красимир Валчев, министер за здравство – Силви Кирилов, министер за култура – ​​Маријан Бачев, министер за земјоделство и храна – Георги Тахов, министер за животна средина и води – Манол Генов, министер за економија и индустрија – Петар Дилов, министер за енергетика – Жечо Станков, министер за е-Влада – Валентин Мундров, министер за туризам – Мирослав Боршош и министер за млади и спорт – Иван Пешев.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Тања Милева, една од судијките кои одлучуваа за пресудата на Мијалков за „Таргет-Тврдина„

Редакција

Каков имот пријавила Миликијe Халими, која стана директорка на АД „Аеродроми„

Редакција

Викендов дожд и пад на температурите

Редакција