еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вања била грабната на излегување од дома, во влезот на зградата ѝ биле врзани рацете и нозете

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција информираше дека 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје била грабната на излегување од дома, во влезот на зградата.

Нејзе ѝ биле врзани рацете и нозете, била ставена во вреќа за спиење и ставена во гепек.

Вања била грабната со возилото на убиениот велешанец Панче Жежовски.

„Токму со тоа возило е земена малолетничката и тоа во влезот од зградата односно од живеалиштето, откако претходно според исказите на осомничените таткото споделил информација со организаторот за денот и времето на нејзиното излегување сама од дома“, рече министерот Спасовски.

Како што кажа Спасовски, Ѓорчевска е киднапирана со цел да се изнудат пари од нејзината мајка, а набрзо потоа била убиена со пиштол. Убиецот ја убил исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започната истрага по пријавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓани бараат смртна казна за убијците на Вања

Љупчо Палевски осомничен дека ги убил Вања и Панче, на 30. ноември прво избегал во Белград, па во Бугарија

Дали е татко на Вања инволвиран во нејзиното грабнување? Тој негира

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седум супермаркети казнети по 7.000 евра, бидејќи не ги почитувале одлуките на Владата

Редакција

Пандев: Против Украина одиме на сè или ништо

Редакција

Поради отсуство на Шабани, „Тендери“ на СЈО одложено за 9 ноември

Редакција