Во Воената академија „Г.С.Раковски“ во Софија, Бугарија, на 4. февруари по повод на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев ќе се одржи концерт на класична музика и поезија.
Во Академијата, која некогаш била училиште, учел Делчев.
Концертот го организира Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ од Бугарија, под покровителство на бугарскиот претседател Румен Радев.
На концертот, како што информираат од Фондацијата, ќе настапат Илина Митревска – сопран од Македонија, Нели Динева – сопран од Бугарија, Валентина Божиновска – поезија од Македонија, Елисавета Шапкарева – поезија од Бугарија, Љупка Биаџони-Гутенберг – диригентка од Германија и Софискиот симфониски оркестар.
Поканети се и членови на националните собранија на Бугарија и Македонија, како и бугарската и македонската влада.