еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Музичкото дуо Дупер со нов музички хит „Кажи ми во лице“

Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот рецепт за музички хит, затоа што и овојпат нивната нова песна „Кажи ми во лице“ е полн погодок, односно мелем за уши. Музичкото дуо Дупер го објави најновиот музички проект „Кажи ми во лице“ и за само неколку часа го украде вниманието на јавноста.

Преку најновата песна „Кажи ми во лице“ успеаа со поинаков пристап, да го искажат својот автентичен музички стил со заразни мелодии и певлив текст, зад кој се крие искрена љубовна емоција.

Музиката и текстот се авторско дело на Борис Какуринов и Илчо Нечовски, зад аранжманот на песната се потпишува Борис Какуринов, а за миксот и мастерот е задолжен Ангел Ќосев од студио „Подрумот“.

Видео записот, кое е дело на Јордан Ѓорески, е снимен во пријатна и тивка, домашна атмосфера која совршено ја отсликува приказната и емоцијата во песната.

Музиката што ја создава Дупер е единствена и безвременска и затоа секој нивен нов проект освен што носи свежина во македонскиот музички етер, исто така

секогаш е пријатно изненадување за публиката.

Со песните „Не сум твој тип“, „Ние сме 2“, „Тело за на ТВ“, „Пробај да ми бидеш“ ја освоија македонската публика, а со „Кажи ми во лице“ докажаа дека се квалитетно музичко дуо кое создава оригинална музика со препознатлив и карактеристичен звук.

Од првото сценско појавување до сега, Дупер прерасна во македонски музички бренд.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 233 пациенти кои боледувале од Ковид-19

Редакција

(Видео+фото) Стражарите добија бакнежи: Старлетата Нивес Целзиус на прием кај Пендаровски

Редакција

Пред избори обвинение за Максим Димитриевски, тој обвини дека власта мотира случај против него

Редакција