еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Полицајци пукале со службена пушка, надвор од работно време, и се снимале

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи (МВР) до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против А.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце, Д.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце и Ј.Б., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Јажинце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик, информираа од МВР.

„Имено, првопријавениот А.Д. на 23.05.2022 и второпријавениот Д.Д. на 24.05.2022 во текот на работното време додека биле ангажирани во шумски предел кај место викано „Ѓинов Камен“, без да бидат исполнети законските услови за употреба на огнено оружје, пукале со службена автоматска пушка, која ја задолжиле пред излегувањето на смена, во присуство на други полициски службеници кои заедно со нив биле работно ангажирани.

Исто така, првопријавениот А.Д. на 29.02.2024 и третопријавениот Ј.Б. на 08.03.2024, во време кога не биле работно ангажирани, во шумски предел во близина на место викано „Ѓинов Камен“, во присуство на неколку лица, рафално пукале со автоматска пушка,“ информираат од МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Ј.Б. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

За полициските службеници А.Д. и Д.Д., поради изминување на роковите за водење на дисциплинска постапка, нема да биде поднесен предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

100.000 швајцарски франци пронајдени во пантолоните на возач на гостиварски автобус

Редакција

Судење за „Софтвери“: Државата бара 1,4 милион денари оштетување од обвинетите

Редакција

Промоција на великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза, реагира Пендаровски на провокативната иконографија во чест на Курти

Редакција